Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Дали вчера подаривте мартинка?

Дали вчера подаривте мартинка?
47
Прегледи
Сподели на фејсбук

Што се мартинки, кое е нивното значење, зошто тие се прават и се подаруваат?

Мартинката е висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје. Се изработуваат од волнено или памучно предиво во 2 основни бои — бела и црвена.

Во минатото, традицијата била на првиот ден од март најстарата жена во семејството да врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Затоа со мартинката се кити котлето, во кое се дои првото млеко на Ѓурѓовден, со мартинка се заврзуваат билките од Иванден.

Според древната митологија, мартинките потекнуваат од Македонците во чест на божицата Ксантија. Во македонската митологија Ксантија била божица на цвеќињата, во која бил вљубен богот Македон. Кога злите сили ја претвориле во цвет, тој секоја пролет ја барал саканата низ ливадите и полињата и во цветните градини. Во чест на оваа необична и несреќна љубов, Македонците првиот пролетен месец го нарекле Ксант и на првиот ден од месецот Ксант ставале испреплетени бели и црвени конци на рацете во чест на прекрасната божица.

Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен. Ако после еден месец под каменот има мравки, годината ќе биде береќетна.

Понекогаш мартинката се пушта во најблиската река “за да оди, како тече реката”. Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Овој празник уште се нарекува и празник на “Баба Марта”.

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

„ПРЕКОРОТ НА КИКОТЛИВЦИТЕ“ – КНИГА ОД НОВАТА ЕДИЦИЈА „МАГИЧНИ ПРИКАЗНИ“

Следен пост

Кога сте воспитани од силна мајка, станувате силнa женa

Следен пост
Кога сте воспитани од силна мајка, станувате силнa женa

Кога сте воспитани од силна мајка, станувате силнa женa

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете не и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Следете нѐ и преку нашата страница на facebook


This will close in 9 seconds