Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Анте Поповски: „Право е на другите да си молчат за својата судбина“

114
Прегледи
Сподели на фејсбук

Друштвото на писателите на Македонија денеска одбележува 85 години од раѓањето на великанот на македонската литература, Анте Поповски.

Анте Поповски е роден во 1931 во Лазарополе. Дипломирал медицина на Скопскиот универзитет, но решил да си го посвети животот на литературата.

Автор е на повеќе од петнаесет книги. Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија. Преведувач на автори од светската поезија и есеистика. Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ , „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Гоцева повелба“ и на Меѓународната награда за најдобра песна “Premio Europa”.

CE0A748E29B51749AA2FA58F954F9517

Ве потсетуваме на неговите стихови кои заземаат значајно место во македонската литература…

Таа

Никојпат не е таа сама.

Таа се две: онаа која бесконечно молчи

и онаа која го слуша моето молчење.

Никојпат не е таа сама.

Таа се две: онаа која бесконечно чека

и онаа која влегува во своето чекање.

Никојпат не е таа сама.

Таа се две: онаа што е распната

и онаа која ги кове клинците врз себе.

Оваа песна до бесконечности продолжува

зашто никојпат не е таа сама:

сама се чита – сама се пишува:

Сама себеси врата – сама себеси клуч.

Љубовна

Пред да се раздени

За неа беше разденето

Пред да се стемни

За неа беше стемнето.

Го преврзуваше сонцето со влажна шамија

И го успиваше крај неа.

Ние, дури чекавме да расцутат овошките,

Таа веќе ги береше плодовите од нив

Полни чинии поставуваше пред нас

И ништо не ја возбудуваше.

Ние ќе и покажевме камена птица што лета

Таа ќе речеше: Да тоа сум јас,

Птица во окото на сонцето!

Ќе и принесевме сини цветови што ги брал

Александар Македонски покрај Златна река

Таа ќе речеше: Тие цветови веќе сум ги носела в пазуви!

И секогаш

и секогаш молчеше.

Велеше, се што имам да речам си го реков себеси

Право е на другите да си молчат за својата судбина

Не постоеше ништо што можеше да ја возбуди.

Цел живот верував дека е жена

Не знаев дека е Бог

Само тој не копнее по ништо.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

Јана Ацевска за DESIGN THINKING – дводневна бесплатна работилница, дел од проектот DESIGN CHALLENGE

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Андријана Јовановска: “Ако најдеш работа што ја обожаваш, нема да работиш ни еден ден во животот”

Следен пост

ИНТЕРВЈУ Андријана Јовановска: "Ако најдеш работа што ја обожаваш, нема да работиш ни еден ден во животот"

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.